7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пожар спроти бензинска во Битола – гори сува трева и трска, пожарот е под контрола

РЦУК – Битола, известува дека во 15:00 часот бил пријавен пожар на запалена сува трева и трска спроти бензинска пумпа Пелагонија Петрол (поранешна Тулана) на влезот во Битола од страна на Прилеп.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 2 пожарникари со 1 ПП возило. Пожарот е под контрола и нема можност од негово ширење.

Од страна на командирот на ТППЕ Битола побарано е исклучување на електрична енергија на наведената локација за да можат пожарникарите непречено да интервенираат.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК