24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски домаќин на Фон дер Лајен: Силна поддршка за забрзана интеграција и полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска е домаќин на делегација предводена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Премиерот Ковачевски ја пречека претседателката Фон дер Лајен на платото пред Владата, од каде се упатија на тет а тет средба, на која разговараа околу веќе отпочнатите преговори за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија како и тековниот скрининг и неопходната работа која Северна Македонија ја очекува во претстојниот период. Дополнително, се разговараше и за справувањето со енергетската криза, како и за поддршката која Европската Унија ја овозможува за заедничките мерки за справувањето со последиците од кризата.