15-годишна девојка заврши на суд бидејќи во неделата се разбудила околу 3 часот по полноќ и физички ја нападнала мајка си која одбила да ѝ вклучи интернет.
Според судската пресуда, таа на почетокот на јуни годинава во Славонија во периодот од 2:45 до 3 часот во станот насилно се однесувала „кон нејзината мајка, вршејќи психичко и физичко насилство врз неа“, јавува „Даница“.
„Пристигнувајќи од градот во алкохолизирана состојба, според изјавата на мајката, откако влегла во станот и откако се пресоблекла, дошла во спалната соба на мајка ѝ, ја разбудила за да може мајката да ѝ вклучи интернет за да го користи мобилниот телефон и социјалните мрежи.
Кога мајката ѝ рекла на ќерката дека ќе спие и дека е доцна, малолетничката почнала да ја навредува мајка си со зборовите: „К….ва, ти си…, ти е….ам твојата мртва мајка“. Кога мајката седнала на креветот, девојчето ја удрило со отворена дланка по главата.
По опишаното, малолетничката извадила чаша и ја удрила мајка си во пределот на главата, односно во челото, се вели во пресудата на судот за прекршоци.
Бидејќи се работи за средношколка од прва година која не била казнета, судот, врз основа на Прекршочниот законик, наместо казна, и примени воспитна мерка судска опомена.