Вчера вечер е претепан новинарот Зоран Божиновски уредник на порталот „буревесник“. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во болница, објави Инфомакс.
Според првичните информации, кои на својот ФБ профил ги објави Љупчо Палевски, Божиновски бил претепан пред својата зграда.
Според информациите на Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.
Божиновски бил нападнат и претепан од две маскирани лица пред домот на неговата сопруга Солунчевска.
Засега нема официјални информации од полицијата.