Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Хаос во јавните претпријатија во Скопје поради ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение на СДСМ:

На Град Скопје му се случува хаос, јавните претпријатија се на раб на функционалност, а граѓаните не ги добиваат услугите навремено и квалитетно.

Скопје за прв пат остана без јавен превоз, се заканува нова криза, овој пат во ЈП „Водовод и канализација“, нема проекти, нема инвестиции, нема развој.

Вината за ваквиот хаос во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Залудно се обидуваат да побегнат од одговорноста.

ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тој ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување.

Тие УО се составени од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните и му приредуваат нова катастрофа на Градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Апсења и претреси низ Македонија – Уапсен директор на моќна институција

ДЕСК

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК