25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска од Ресен: За СДСМ државата и граѓаните се пред сѐ, нашата иднина е европска

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска учествуваше на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Ресен.

Пред присутните Лукаревска зборуваше за мерките и политиките што СДСМ преку Владата ги презема за надминување на последиците од економската и енергетската криза, како и за следните државни чекори.

– Благодарение на СДСМ, ние и во оваа најтешка зима во Европа и светот, не сме сами. Ги надминуваме последиците со сопствени сили и не се откажуваме и не бараме оправдувања. Затоа што за нас опстанокот на државата е многу поважен од рејтингот на партијата. За нас во СДСМ државата и граѓаните се пред се и над се и тоа е факт, тоа е вистина, порача Лукаревска додавајќи дека за само неколку месеци Владата предводена од СДСМ обезбеди над 750 милиони евра за мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Лукаревска посочи дека СДСМ успеала да направи силен исчекор кон ЕУ и дека по 17 години чекање конечно државата ги започна преговорите со ЕУ.

– Тече скринингот со ЕУ, се скенира секоја област и добиваме позитивни коментари. Најважно е што целиот процес се одвива на официјален македонски јазик. Тргнавме кон Европа и назад нема, истакна Лукаревска.

Осврнувајќи се на работата на опозицијата заменик претседателката истакна дека локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општините нема никков нов проект, дека се прекинати добрите наследени проекти, а парите наместо за помош на граѓаните се трошат на непродуктивни трошоци.

Дополнително, додаде Лукаревска, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ преку Советите и директорите на јавните претпријатија удираат по џебот на граѓаните, зголемувајќи ги цените на комуналните услуги и тоа не е како резултат на светската криза туку како резултат на нивната неспособност.