23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

УЈП со важна вест за фирмите

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ДДВ-04 ДО 28 ОКТОМВРИ 2022
Согласно Законот за даночна постапка, а поради отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ – 04 пријавата се продолжува.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10 2022) се продолжува за 3 (три) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ – 04 пријавите ќе се смета 28.10.2022 г. ( петок)