25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Џафери со честитка по повод 23 октомври

– Дозволете од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име и да упатам честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, се вели во честитката на претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Ви посакувам убав празничен ден, поминат во кругот на блиските и драги луѓе. Споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, нека биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме во животот. Нека бидат поука дека заемното почитување, разбирање, единственоста и заедништвото во напорите за градење на современа, демократска и напредна држава единствено може да не вброи во земјите со успешна приказна. Направивме исклучително тешки чекори, нови и непознати стојат пред нас, меѓутоа, ако сме искрено и заедно на тој пат, ништо нема да не поколеба!

Драги граѓани, нека е честит 23 Октомври, вели Џафери.

Можеби ќе ве интересира

Апсења низ Македонија во голема акција, паднаа и притвори – еве ги деталите

ДЕСК

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

ДЕСК

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК