Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
МАКЕДОНИЈАвест

206 сообраќајни прекршоци во Скопје, 65 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 14 санкции за возење без возачка дозвола, три за возач почетник.

Изречени се 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни во тетовскиот регион: 25 возила подигнати со пајак, напишани и над 40 други казни

ДЕСК

Полицијата на нозе: Исчезна 39 годишен маж од Гостивар

ДЕСК

Во ургентен центар донесен 69 годишен маж кој се здобил со повреди додкеа извршувал работни задачи во фабрика во Гостивар

ДЕСК