24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација
ТЕМАЛОКАЛНО

Скопје за прв пат во историјата без јавен превоз

Јавното Сообраќајно Претпријатие денеска за прв пат ги остави скопјани без јавен превоз.

Вработените во ЈСП штрајкуваат поради задоцнети плати.

– Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати, порачаа од Град Скопје.

За настаните реагираше и СДСМ:
– Иако од буџетот на Град Скопје оваа година за ЈСП се наменети 8,6 милиони евра, долгот на ЈСП е драстично зголемен. Направен е долг од 1 милион евра за една година. Дали шпицниот градоначалник Мицкоски и неговата некогашна штитеничка Арсовска ги ставиле рацете во медот и во ЈСП?

Граѓаните пак гневни, велат дека ова е срамота што се случува со главниот град. Многумина се жалат дека не успеале да стигнат на работа на време, а некои велат и дека дополнително е зголемен метежот.

– Такси нема ни за лек, а низ улиците е хаос, велат граѓаните.

Дали Скопје всушност пропадна? – прашуваат твитерџиите.