23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ сака уставна криза, тоа СДСМ нема да го дозволи

Прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ:

Најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателката на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата е ништо друго освен обид за прикривање на нивната вистинска намера а тоа е да се предизвика уставна криза во државата.

Јас како претседателката на Комисијата го известив претседателот на Собранието дека за двајца предложени кандидати за уставни судии телото веќе со мнозинство гласови има изгласано за двајца кандидати за уставни судии и дека истите можат да продолжат во понатамошна постапка.

Во Комисијата се води дискусија или расправа за секого поединечно и исто така за секој предлог посебно се гласа.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци намерно го одолговлекуваат изборот на уставните судии што е само доказ дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание го докажуваат тоа што постојано го прават, кочење, блокирање и поттикнување на било каква криза.