Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поради дојава за бомба, вработените на ЈСП останаа пред врата, приведено е едно лице

Поради дојава за подметната бомба, вработените на ЈСП Скопје во пунктот во скопско Ѓорче Петров утринава не можеа да отидат на своето работно место.

Забележливо е зголемено полициско обезбедување, а автобусите се повлекуваат во гаража во случај во некој нив да е поставена бомба.

Од МВР изјавија дека по пријавување на настанот, приведен е Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП се заканил дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.

Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК