23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
БИЗНИС

Ова се цените на намирниците во центарот на Њујорк: Можеби ќе ве изненадат

Српската инфлуенсерка Адријана Радовановиќ објави видео на Инстаграм во кое ги прикажува цените од два маркети лоцирани во самото срце на Њујорк, на Менхетен.

Иако со месеци ги споредуваме цените на нашите и европските производи, никој не можеше да претпостави дека нашите маркети ќе имаат слични цени со оние во најелитниот и најскапиот дел на Њујорк.

На пример, литар кравјо млеко на Менхетен чини 1,27 долари, што е околу 79 денари. Бадемовото млеко чини 1,79 долари.

Српската инфлуенсерка Адријана Радовановиќ објави видео на Инстаграм во кое ги прикажува цените од два маркети лоцирани во самото срце на Њујорк, на Менхетен.

Дури и конзервираниот црн грав е поевтин и чини 0,99 долари (околу 63 денари), а авокадото е 1,99 долари (околу 120 денари).

Ако ги споредиме приходите, со нив е многу поевтино, напишала Адријана и потврдила дека цените во строгиот центар на Њујорк и бројните градови на Балканот се неспоредливи.