На 14.10.2022, во 1.50 часот, на улицата Франклин Рузвелт во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош, ги лишиле од слобода Х. Т. (25) и М. А. (25), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале и спречувале полициски службеници при извршување службени дејства.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајо,т против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.