Според податоците за потрошувачка во септември 2022 година во споредба со истиот месец лани, државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, објави вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши, на „Фејсбук“.
Министерот Бектеши наведува дека мерките за заштеда на електрична енергија, што ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции, ги даваат резултатите.