На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 160 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени биле и пет казни за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за некористење сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.