26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Опозицијата свесно блокира во Собранието закони изработени со поддршка од ЕК

„Законот за Академијата за судии и јавни обвинители шест месеци се преговараше со Европската комисија и го добивме како текст одобрен од нив. Ставивме европско знаменце, легитимно, го има во НПА, го пуштивме во Собрание, но опозицијата го блокираше“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој објасни дека овој закон не е никаква лична, или партиска агенда, туку е добиен од Европската комисија по шестмесечни разговори.

„Решението на блокадата на Собранието е да се институционализира политичкиот дијалог за прашањата од скринигот и реформскиот план, кој треба да го направиме по овој извшетај, но и со патокзаите што треба да ги направиме до март. Ако го институционализираме политичкиот дијалог, во Националниот совет за европски интеграции, кој го предводи опозицијата и таму направиме формат за се што ќе се договори, да не биде потоа блокирано, тогаш имаме шанса“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот потенцираше дека не смее опозицијата да биде заобиколена од одговорноста, бидејќи свесно влегува во блокирањето на законите, поради што сите реформски процеси во државата се успорени.