24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Му стигале пари на сметка, а тој не плаќал 10% данок, ќе треба да врати милиони – МВР го терети за „даночно затајување“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Т.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, во периодот од 2018, 2019, 2020 и 2021 година, за секоја година поединечно, реализираните приливи на парични средства не ги пријавил како личен доход и не поднел задолжителна Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи како даночен орган.

– На тој начин тој избегнал да плати данок на личен доход од 10 проценти за реализираните приливи за 2018 година во вкупен износ од 34.470 евра, за 2019 година во вкупен износ од 68.976 евра, во 2020 година 925.850 денари и 104.100 евра и за 2021 година во износ од 71.000 евра – соопштува МВР.

Со ваквото дејствие пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 1.728.465 денари, а за себе во истиот износ прибавил противправна имотна корист.