23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Ново големо поскапување на горивата: Ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на одлуката од 7.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,033%, кај дизелот за 4,496%, кај екстра лесното масло за 4,181% и кај мазутот зголемување е за 1,986%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,316%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг.

Од 11.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 91,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 100,50 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 51,920 (денари/килограм)