14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во штипско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

На 07.10.2022 околу 07.00 часот, од полициски службеници од СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи бил лишен од слобода С.М.(41) во с.Ебеплија, штипско.

При претрес извршен во неговиот дом во с.Ебеплија, по претходна наредба од Основен суд Штип, во помошни простории биле пронајдени: една пушка – двоцевка, една пушка карабин „крањ“ 8х57, еден револвер, 34 боеви куршуми и 12 патрони.

Предметите биле одземени, а С.М. бил приведен во СВР Штип. По целосно документирање на случајот ќе следи поднесок во врска со кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик, за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.