26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Проектираме раст на БДП и за идната година, очекуваме позитивна вест од ММФ

„Во услови на војна најчесто се случува стакфалција – негативни стапки на економски раст, намалување на невравботеност и раст на инфлација. Она што владите може да направат и тоа што ние го правиме е да се одржи економската активност на компаниите, да се поддржат најранливите категории на граѓани и да се одржи ликвидноста на буџетот“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека успешно се прави тоа досега и дека и за идната година се проектира раст на Бруто домашниот производ.

„Ги привршуваме и преговорите со ММФ со позитивни очекувања. Сметам дека во наредните неколку дена, Министерот за финансии ќе има позитивна вест и за економијата, за буџетот и за граѓаните од преговорите со ММФ“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Владата е во постојана комуникација со стопанските комари и бара решенија за нивните високи сметки на струја. Како што кажа Ковачевски, начините на кои може да се помогне е со набавка на електрична енергија по пониска цена или субвенционирање на електричната енергија што ја плаќаат компаниите.