Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: ЕСМ е со зголемено производството струја за 27%, потребите на пазарот се задоволени

„Дадовме задача како Влада на државниот производител, ЕСМ, да го зголеми производството за 25 отсто. Тие го надминаа тоа за 2 отсто и за 27 отсто е зголемено производството. Целиот регулиран пазар е задоволен од наше производство на струја“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека иако државата работи со производствени капацитети изградени во поранешна Југославија, сепак се постигнува.

„Во земјава не е инвестирано 30 години во голем електро-енергетнски капацитет. Како што тече производството на струја во РЕК Битола, така се прави ремонт на вториот блок“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека до Собранието се поднесени и законски измени со цел олабавување на процедурите за инсталација на фотоволтаици, како за домаќинствата, така и за компаниите.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК