Во текот на вчерашниот ден (06.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи.
Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.