23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата обезбедува греење за Скопјани – Премиерот Ковачевски : Средните и основните училишта и болниците ќе имаат гарантирана пониска цена за струја

Образовниот процес е обезбеден и во зима владата со мерки за струја за улилиштата

Изјава на премиерот Ковачевски:

Почитувани граѓаин,
Економскиот енергетски совет што туку заврши и донесовме одлуки кои сакам да ги споделам со јавноста, а се однесуваат на сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период.
За граѓаните на град Скопје.

1. На 15 октомври започнува грејната сезона. Парно за скопјани ќе има. Донесена е одлука за почнување на постапката за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од законот за енергетика на ЕСМ. Ги повикувам Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење, со што ќе се створат условите за целосно функционирање на ЕСМ со топланите.

2. Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија.
Во однос на електрична енергија. Домаќинствата и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија. 80 % ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти (до 2 милиони евра годишен промет) ќе добијат субвенционира електрична енергија која е три пати пониска од берзанската.
Дополнително донесовме одлука, на регулиран пазар да бидат и основните и средни училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини.
Исто така донесовме одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската. Затоа што грижата за граѓаните и обезбедување на здравствена заштита е императив на оваа влада.
Владата се грижи за сите подеднакво.
Оваа криза рековме дека заеднички ќе ја пребродиме како што ја пребродивме и Ковид кризата.
Ја користам оваа прилика, покрај овие одлуки кои вечерва ги донесовме за справување со енергетската криза, да апелирам до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење. Секој киловат час заштеден значи заштеда на нашиот буџет и повеќе пари за инвестиција во нови енергетски и инфраструктурни проекти кои ќе го ,го подобрат во иднина снабдувањето со електрична енергија и ќе го подобрат квалитетот на животот.
Заврши времето на изобилие со електрична енергија во Европа. Сега е време на штедење и тоа штедиме за да имаме електрична енергија.
Утре како што знаете почитувани имаме седница за пратенички прашања.
Сакам да им укажам на Собранието и на пратениците од сите политичките партии да се одважиме заедно и конечно да се обединиме за интересот на граѓаните, и пред започнувањето на седницата да ги изгласаат Законот со кој се обезбедуваат финансиски средства од ЕБРД, пари одобрени од ЕБРД за справување со енергетска криза на РСМ по исклучителна каматна стапка, измените во Законот за енергетика и Законот за нафта и нафтени деривати и усвојување на кризна состојба.
Ова не време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа.
Ова е само прв сет на одлуки на економско енергетскиот совет.
Како што ветивме, се грижиме за ранливи категории на граѓани кои ќе бидат подржани преку соодветен сет на дополнителни мерки кои што наскоро ќе бидат објавени.