Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации.
Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година.
Во Македонија утрово доларот во менувачниците се купува за 64 денари а се продава за 63. Високата цена на доларот исклучително лошо се одразува пред се на цената на горивата.