Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), кој се одржа на маргините на 77 . сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

За време на обраќањата на претставниците на земјите членки, фокусот беше ставен врз руската воена агресија врз Украина и начинот на кој ЦЕИ може да ѝ помогне на оваа земја. Се разговараше и за модалитетите како иницијативата може да пристапи кон актуелните предизвици директно поврзани со војната – енергетска криза и нарушувањето на синџирот на снабдување.

Во таа насока министерот Османи повика на вклучување на земјите од Западен Балкан во заедничките механизми на ЕУ за справување со економските, финансиските и енергетските последици од инвазијата врз Украина. Како позитивен пример во тој поглед ги посочи одлуките на владите на Бугарија и Грција да ѝ помогнат на Северна Македонија да го преброди недостигот на енергенти.

Османи се осврна и на проширувањето на ЕУ за кое нагласи дека треба да се гледа како „најадекватна инвестиција за безбедноста на самата Унија и европскиот континент во целина“.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.