24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дали дезертерот Ковачки бил и шпион против државата?

Драган Ковачки, кој беше полковник во Армијата, дезертира за политички да му служи на Христијан Мицкоски, соопшти Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Денес истиот тој Ковачки излегува во јавноста и во име на Мицкоски шири лаги и невистина во обид да направи дефокус од сомнителниот тендер од 136 милиони евра и кавгите за него во ВМРО-ДПМНЕ.

За каков човек станува збор, доволно кажува фактот што Ковачки додека бил дел од Армијата, бил казнет поради закани упатени кон началникот на Генералштабот на Армијата.

„Долга е раката на ВМРО“, се заканувал дезертерот Ковачки, а притоа навредувал и клеветел.

Дали освен закани, навреди и клевети кон претпоставените, Ковачки оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата, тоа треба да го одговори самиот Ковачки.

Ете со какви луѓе е опкружен Мицкоски, со дезертери, со лица што се закануваат и шират невистини“, се наведува во соопштението на СДСМ.