На 21.09.2022 во 16.50 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски Службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(41) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачје на ЕВР Центар и Бит Пазар сторил повеќе кривични дела „дрска кражба“.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.