СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“. Имено, во ноември 2020 година, при давање парични средства на заем, пријавениот од лице од с.Градец како гаранција одзел неколку возила во вредност од околу 70-80.000 евра.
Со тек на време должничкиот износ со камати достигнал износ од околу 200.000 евра, а лицето се договорило со пријавениот долгот да се исплаќа на рати.
Откако биле вратени 80.000 евра и лицето задоцнил со исплата на ратата, пријавениот во повеќе наврати со јавување и испраќање пораки упатил закани по животот на Х.В. и неговиот син, барајќи да му исплатат 750.000 евра, а се обидел да го принуди да му ја префрли неговата фабрика.