На 20.09.2022 во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп – СВР Битола го лишиле од слобода Е.Д.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот во дом во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Исто така, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода и Д.Џ.(35) од Прилеп затоа што при преглед во патничко возило „форд фиеста”, кое го управувал, бил пронајден и одземен амфетамин.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.