6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Убава вест: Поевтинува дизелот, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот намалување за 1,779%, кај екстра лесното масло намалување за 1,389% и кај мазутот намалување за 1,067%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,058%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

ВО ТЕК ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку би била сумата која би ја добиле вработените на своите сметки

ДЕСК

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

ДЕСК

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања: Побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

C +