11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата предлага до Собранието продолжување на кризните состојби со топлинската и електричната енергија

Владата на денешната седница ги усвои заклучоците, мерките и препораките на управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Во согласност со тоа беше прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје поради недостиг на топлинска енергија, можност за користење алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија до 30.4.2023 година.

Воедно, беше прифатен и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија до 30.4.2023 година поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Предлог-одлуките за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје поради недостиг на топлинска енергија, можност за користење алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +

Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?

C +

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

C +
error: Соддржината е заштитена.