22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

220 санкции за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 220 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 81 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 139 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

158 санкции за брзо возење

M T

452 санкции за брзо возење

M T

111 санкции за брзо возење

M T

50 санкции за недавање првенство на минување

M T

269 санкции за брзо возење

M T