Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

938 санкции за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 938 возачи. Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 553 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 385 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со вонредни најави за можно невреме во овие делови од Македонија

ДЕСК

Мицкоски: Со новите извешати на УЈП и Царина може да констатираме дека периодот на консолидација заврши, следува период на раст на економијата во државата

ДЕСК

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

C +