23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Ковачевски работи да ги заштити граѓаните и стопанството, Мицкоски блокира

Соопштение на СДСМ:

СДСМ, предводена од Димитар Ковачевски во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна, во услови на глобална економска и енергетска криза одговорно и посветено работи на надминување на последиците.

Преземени се конкретни чекори за зголемено производство на струја, обезбедување доволни количини енергија, но и поддршка на граѓаните и стопанството за полесно справување со последиците.

Oграничена е трговската маржа на електричната енергија, со што им се излегува во пресрет на компапниите, училиштата и други субјекти кои со струја се снабдуваат на слободниот пазар.

Цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, односно домаќинствата, и натаму ќе биде субвенционирана од страна на државата во висина од 80 отсто, а тие ќе плаќаат 20 проценти од потрошената струја.

Планирано е домашното производство на електрична енергија да се зголеми за 25 отсто. На сила се мерките за штедење во институциите. Поедноставена е постапката за поставување на на фотонапонски панели.

Владата има јасен план за пребродување на овој кризен период и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството.

И додека СДСМ презема мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена продолжува со блокадите.

Наместо конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со барањата за избори, за референдум, со активни и пасивни блокади се обидуваат да го попречат нормалното функционирање на институциите, на штета на домашната економија, на штета на граѓаните.

Нивините деструкции одново ќе бидат поразени.