За да се увери дека сè останува на своето место, персоналот на авионот ја проверува опремата по секој лет.
Од друга страна, има некои работи кои лесно можете да ги земете со себе.
За почеток, ќе го земеме најочигледниот и најлесниот пример, чантите или несесерите што ги добиваат патниците на долгите летови, а кои обично содржат четка за заби, маска за очи и чорапи. Ова е секако подарок од авиокомпанијата и дури и ако не го користите на летот, можете слободно да го понесете со себе.
Слушалките се малку покомплициран случај. Порано кабинскиот екипаж им делеше слушалки на патниците на почетокот на летот, а потоа ги враќаше назад пред да слета. Овие слушалки имаа специјални конектори кои беа неупотребливи надвор од авионот, за да се обесхрабри нивната кражба. Денес, аудио приклучоците се главно стандардни во кабините, па патниците можат да користат свои слушалки.
Ќебето што ќе го добиете да се покриете за да ви биде што поудобно за време на долгиот лет, не можете да го понесете со себе во никој случај, дури и во бизнис класа. По слетувањето, ќебињата се испраќаат од авионот до пералната и потоа ќе ги користат патниците на друг лет.
Можете да земете списание за читање во текот на летото, ова е заклучокот до кој дошол блогерот за патувања Ноел Кабакунган. Тој контактирал со неколку авиокомпании прашувајќи дали е во ред некој патник да земе списание за време на летот од нивните авиони, и сите тие рекле да.
Во однос на храната, доколку порцијата што ја добивте не е доволна, можете слободно да побарате од кабинскиот екипаж да ви даде „репете“, а доколку се во можност и има доволно храна, со задоволство ќе ви го исполнат барањето (особено што неискористената храна се фрла од летот). Но, ако планирате да ја носите таа храна со себе од авионот, бидете многу внимателни, бидејќи некои земји имаат многу строги закони кои забрануваат да се внесува одредена храна, што може да резултира со плаќање висока казна на аеродромот, или уште полошо да бидете приведени. Кога зборуваме за храна, приборот за јадење и садовите (освен во случај на пластична или алуминиумска верзија за еднократна употреба) не смее да се изнесуваат од авионот.
Ќесите за гадење можат да се изнесат, и изненадувачки е колку луѓе кои многу летаат се вистински собирачи на овие кеси.
Конечно, некои луѓе сакаат да ги изнесат елеците за спасување со себе. Иако не е убаво да се земат овие предмети, кои се таму за да се осигура безбедноста на патниците во итни ситуации, сепак се случува да ги земат патниците, а најчесто се ловци на сувенири. Овие кражби се толку чести што многу авиокомпании редовно ја проверуваат состојбата на авионите за да ги заменат оние што недостасуваат.