Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија во тага: Двајца млади Македонци загинаа во Италија

Во сообраќајка во Италија загинаа две момчиња од Македонија.

Се работи за двајца малолетници, едниот имал 16, а другиот 17 години и со Фиат Пунто се судриле во голф на локален пат во областа Аки Терме, кога врнел силен дожд, соопшти италијанскиот портал Нова Провинчија. Веста ја пренесоа повеќе италијански портали, а кочанската телевизија објави дека С.С. и М.Г. се по потекло од Кочани и од Виница.

Момчињата живееле во Ница, а во автомобилот имало уште двајца нивни другари. Момчето што го управувало автомобилот ја добило дозволата само два дена претходно. Возачот на Голфот, 46-годишен маж, пак, од несреќата излегол со полесни повреди.

Можеби ќе ве интересира

Закани за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни

ДЕСК

Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија, порача Касами

ДЕСК

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК