Регулаторната Комисија за Енергетика утре на редовен состанокт се очекува да ги утврди новите цени на горивата во Македонија кои ќе важат уште утревечер на полноќ.
Новите цени се очекува да бидат познати утре напладне.
Според берзанските податоци во моментов нафтата од типот брент се продава за 93 долари за барел.
Во моментов горивата се точат по следните цени:
Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар); Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар); Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 52,740 (денари/килограм)