Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: До август имаме над 18% повисока наплата на данок во споредба со минатата година

„За јануари-август имаме како даноци прибрано 67,76 милијарди денари, што е за 18,3 отсто повисока наплата, на вкупно ниво, во однос на истиот период минатата година“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во Дневникот на Сител.

Таа додаде дека УЈП флексибилно постапува со компаниите и дена на дневна основа се следи наплатата и се реагира доколку има некакви проблеми.

„Ребалансот на буџетот е основата со која се предвидуваат одредени дејствија за помош на компаниите да се надмине кризата. Имаме 76 милиони евра бафер за нови антикризни мерки“ изјави Лукаревска.

Директорката на УЈП додаде дека тие се во постојана комуникација со компаниите со цел да им се помогне и нив, но и да се обезбеди редовното полнење на буџетот.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК