2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Сите политички субјекти се вклучија во дебатата за даночните реформи, ќе ги слушнеме сите забелешки

„Се што е наведено како сугестија, критика, негодување за даночните реформи е ставено на хартија и ќе се дискутира. Драго ми е што сите политички партии се одзваа на поканата за дебата. Така се носат реформи. Сите структури да дебатираат, особено за вакви специфични прашања“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во Дневникот на Сител.

Таа додаде дека предложената даночна реформа не е фиксна и дека дел од работите што се нудат може да бидат прифатени, дел делумно прифатени, а дел отфрлени.

„Дискутираме и со коморите, претставници на сметководтелите, ревизорски куќи, економски експерти. Дел од нив сметаат дека токму во кризно време се носат даночни реформи, но има дебата околу роковите. Ќе се адаптираме со кризите и во дослух со сите засегнати страни ќе носиме одлуки“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека даночнитие реформи се носат согласно препораки на ММФ, ОЕЦД и Светска банка врз основа на споредбени искуства со другите земји.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +