23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Почина македонскиот амбасадор во Берлин

Почина амбасадорот на Македонија во Берлин, Рамадан Назифи. Веста ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен Амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството, пишува Османи.

Министерот упати сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството.