Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение криминалистички работи Гази Баба во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, вчера (31.08.) околу 14,00 часот на обиколница Скопје, во близина на клучка за Приштина, од слобода ги лишиле лицата А.М.(50) од с.Бојане-скопско и И.З.(46) од с.Копаница-скопско, а поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “измама“ по член 247 од КЗ.
Имено, истиот ден околу 09 часот, 55-годишно лице пријавило во ОВР Делчево дека извесно лице што се претставило како Д.Н., му се јавило на неговиот мобилен телефон нудејќи му да транспортира стока од Велес до Делчево за сума од 750 евра, но притоа да помине и во Кочани, каде што од лице од овој град требало да земе производи и да му остави 21.500 денари. 55-годишното лице, бидејќи имало информации за слични измами, сомневајќи се во понуденото, решило да го пријави случајот.
Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и во врска со измамата, на обиколница Скопје, кај клучката за Приштина приведени се А.М. (50) и И.З. (46), кој бил спречен откако се обидел да избега. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.