24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Промоција на македонските вина, храна и туризам преку Отворен Балкан

Уште една економска придобивка од иницијативата „Отворен Балкан“ е можностa за промоција на македонските вина, македонската храна и туризам, соопшти СДСМ.

Како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ овие денови започнува Првиот меѓународен сам на вино, храна и туризам, под покровителство на владите на Северна Македонија, Србија и Албанија.

„ За македонската економија ова значи обезбедување поголем извоз, откуп, нови пласмани и пазари за македонските вина и храна во регионот но, и многу пошироко, во целиот свет.

Од нашата земја ќе учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина.

Македонската винска индустрија доби одлична шанса за проширување на потенцијалите за соработка со компаниите од регионот што носи бројни економски придобвки“ додаваат од владејачката партија.