Тричленото домаќинство годишно троши околу 11 отсто од електричната енергија за готвење, а постојат неколку трикови за заштеда на енергија во кујната.
За почеток, ако се користи капак, топлината не може да избега од тенџерето. Тоа е три пати поефикасно од готвењето без капак, а храната ќе се загрева побрзо.
Енергијата може да се заштеди и со избирање тенџере и тава чии радиуси одговараат на големината на колото. Радиусот на садовите може да биде дури и малку поголем.
Дополнително, може да се заштедат пари и енергија доколку во тенџерето се истури само потребната количина на вода, бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и енергија.
Јајцата и зеленчукот може да се зготват на само 2 сантиметри вода – со други зборови, без да бидат покриени со вода. На овој начин можете да заштедите до 10 евра годишно.
Последниот совет е за љубителите на тестенини – ставете ги во тенџере додека водата е сеуште ладна. Така тестенините побрзо ќе бидат готови.