Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Граѓаните ја поддржуваат коалицијата за европска иднина, потврдија локалните избори

„Овие избори пратија неколку пораки. Тие потврдија дека граѓаните и во тешки времиња знаат да изберат политичка опција која се грижи за нив и носи правилни одлуки за сегашноста и има визија за иднината. Се случи победа на европскиот концепт, бидејќи два од два градоначалници кои се бираа се избрани од коалицијата која што е за европска иднина“ рече премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека на овие избори се случи пораз на оние кои веќе две години блокираат, бојкотираат, шират недоверба и лажни вести.

Премиерот кажа дека и покрај резултатите од овие избори, тој смета дека парламентарните избори треба да се одржат во редовнито термин во 2024 година, бидејќи е за конзистентни политики и одлуки во сериозни времиња на светски кризи.

„Во моето експозе во јануари кажав дека ќе се зголеми минималната плата, дека ќе се зголемат пензиите, ќе се почнат преговори со ЕУ, справување со енергетската и топлинската криза во градот Скопје. Се тоа беше направено за период од седум месеци. Граѓаните тоа го препознаа и затоа е таков резултатот во овие општини“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК