24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Владата е оценета како 100% транспарентна врз основа на факти

Владата е оценета како 100% транспарнатна врз снова на факти и сите институции соодветно на своите надлежности треба да работат да ги зголемат своите перформанси, да ја зголемат транспаретноста за да може да го зголемат својот кредибилитет, да ги зголмат перформансите и ефикасноста на своето работење, рече премиерот Димитар Ковачевски во интеревју за Сител телевизија.

-Сега имавме едно истражување и официјална информација од независна институција за транспарентноста, Владата беше оценета како 100% транспарентна, врз основа на факти и врз основа на обврските кои што ги има за споделување на сите информации кои што треба да ги сподели. Значи сите информации кои што требало да се споделат, биле споделени. Исто така би било пожело доколку секоја институција вклучително и обвинителствто и судството можат да се пофалат со транспарентност во која што ќе можат граѓаните кои што ги плаќаат даноците од кои што се плаќа независниот судски буџет да знаат колку предмети се во обработка, колку биле од нив сработени, каков е резултатот и тн. Сето тоа го зголемува кредибилитетот на работата на институциите., вели Ковачевски.