23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со т.н. ноќен радар 252 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер (28/29.07.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 252 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 48 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

158 санкции за брзо возење

M T

452 санкции за брзо возење

M T

111 санкции за брзо возење

M T

50 санкции за недавање првенство на минување

M T

269 санкции за брзо возење

M T