23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, барањето за референдум е фарса за неговите проблеми во ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски е прочитан целосно. Му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, не му успеаја крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт. Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица си поигруваат со чувствата на граѓаните, им сервираат лаги за продажба на идентитетот и јазикот, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека секогаш кога државата оди во вистинска насока во евроинтерациите, ВМРО-ДПМНЕ прави сé за да го попречи напредокот.

Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба, за неговите проблеми во ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски тоне се подлабоко, а со себе сака ја повлече и целата држава.

СДСМ заедно со граѓаните нема да го дозволи тоа и нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ, се вели во соопштението.