23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Исполнувањето на реформската агенда е најдобра гаранција дека нема да има блокади

„Со стартот на преговорите влегуваме во една друга фаза, во една друга димензија, димензија во којашто ние на еднаква нога, заедно на маса со сите, како што бевме денес со сите држави членки. Разговараме за сите проблеми за реформите коишто треба да ги спроведеме и работиме на остварување на задачите коишто ќе ни ги даде ЕУ, а тоа ќе го дознаеме во процесот на скринингот. Така што мислам дека треба да влеземе со самодоверба со една јасна реформска агенда и без задршка да ги спроведуваме нашите обврски затоа што тоа ни е најдобра гаранција дека нема да има блокади и проблеми, рече вицепремиерот Маричиќ во изјавата за „Трилинг“.

На прашањето дали може да очекуваме блокади од некоја друга држава членка Маричиќ рече дека секоја држава членка на Европската Унија има право во текот на разговорите да отвора свои дилеми и прашања.

-Дали тоа од страна на Бугарија или било која држава би било легално и легитимно не, секако дека не, бидејќи преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, отворачките изјави од двете страни, се доволно јасни и прецизни што треба да се прави, во кој период, во кој рокови и на кој начин. Сето друго би било злоупотреба. Ние не можеме никако од напред да имаме гаранција дека во иднина некоја држава нема да не блокира, но дека сега е отворен патот, во минатото била Грција, до денес беше Бугарија, но факт е дека нема да е лесно блокирањето ниту пак лесно може некој да се реши на блокада по овој чекор, изјави Маричиќ.