3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија во тага: 22 годишна девојка почина на приватна забава во Скопје, откако излегла од базен и го исклучила полначот на мобилниот телефон по што снемало струја

На 22.07.2022 во 00.11 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска“ починала Љ.С.(22) од кумановско.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Почина Душко Чифлиганец

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА: Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК